ние (зам.) - живее (гл.)

Ние живееме од изнудената енергија, од украдената енергија, од заведената енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тешко ни е кога некој што го сакаме ќе направи поинаков избор од нашиот, кога постои дисиденција во мислењата, дисјункција на желбите, кога ќе одлучи да живее поинаку отколку што ние живееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ние живееме во култура каде сеќавањето, нарацијата, романтичните приказни и надежта за промени сѐ уште функционираат и каде што една егзистенцијалистичка врзаност за едно одредено место сѐ уште не го изгубила своето значење. 22 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Мислите ли вие, им велеше командирот на четата, дека ние живееме затоа што немаме или не сакаме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Долго не сме се виделе. Ете, ние живееме, ти учиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
МИХАЈЛО: Ние живееме во конаците. Дојди вечер да спиеш кај нас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АНДРЕЈА: Ние живееме во Вардарска Бановина. Зборуваме Вардарско Бановски.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тука каде никој не нè знае, не нѐ признава, ние живееме одново.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Заедно ја делевме судбината, ние живеевме со козите, како што би рекле вие, „бескласно”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги предвидуваше скорешните настани, а ние живеевме од миговите на повремените утешни зборови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)