ние (зам.) - со (предл.)

Мајките го споредуваа со Бога, ние со Сталина, се разбира скришум, мислејќи дека по неговото исчезнување од сликите со Тито, ќе мораме да си имаме друг Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, ние со козите живеевме, природно заедно, пракомунистички.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга се насмеа и ние со овој рефрен на песната што не ја знаевме сета, следени од нашата Сталинка, влеговме во дворот поминувајќи низ долгата авлија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секретарот мигум молкна за да го види ефектот од своите зборови, па охрабрен од молчењето, продолжи: – Ние со многу тешкотии најдовме куќи за вас. Подигнавме бараки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му мавтаме и ние со кренати раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа диво и разлутено му се спушта по патот, а ние со Васета викаме и се дереме: - Уааа! Држете го крадецот! Уааа!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А учителот, притоа, не испушташе да рече: - Гледате ли, драги мои, како секојдневно и неусетно ни се слива времето. . . како се проткајува и тече, тече и одминува со нас, а и ние со него. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нема да и оставиме децата да робуваат. Доста сме биле робови ние со нашите стари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, ние со Андона намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Куле дојде и се поздрави со Толета. — Е, стрико? Ние со побратимот тргнаме в планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ќе дојдеме, штом е така. Ние со Бојан! - подвлече стариот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еве, ние со таткати четириесет ги поминавме, сто години не ќе сме живи, дојди си побргу.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ние со него, како деца, којзнае колку пати се имавме качувано на таа авлија за да гледаме кон сред село да не здогледаме нешто интересно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На околу повеа и се разлеа опојувачки мирис во кој потона воздухот, а ние со затворени очи го вдишувавме до ненаситка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние со Ели љубопитно ги поткренавме главите и слушавме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Волјата на двете сојузни држави: Русија и Австро-Унгарија може да сретне противдејство само од Турција и од нас, но најповеќе од нас, зашто со реформите се бараат, не од нас, а од Турција, задолженија и ако ние со нашите работи покажеме оти тие задолженија што се бараат од Турција не нѐ задоволуваат, тогаш ние само ќе ѝ помогнеме на Турција ништо да не воведе од реформите што се бараат од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние помисливме дека тоа недоносче штом ќе порасне, ќе окрепне и ќе ни подаде рака и ние со него да заживееме слободен живот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А толку и ќе трае, ако некој не ве шутне во г’з, што ние со задоволство го правиме, во оваа успорена компјутерска симулација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние со Уља му се лулиме во устата и само ги добираме залаците до тавчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го фрламе забот на куќа, Горица уште плаче, а ние со Уља се смееме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ај, ќе одиме и ние со Уља. Во Битола. Ќе ја носиме Горица, да ја бараме од увото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цел свет со виолини, вели, а ние со мувлосана гајда, небаре мрша да ти квичи пред носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Соседите ме сметаат за луд.“ Браќата се намалија во својата покорност: „Но што ќе чиниме ние со коњот? Знаеш и сам, штала не наследивме.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— Ќе растиме, невесто Досто, ќе работиме ние со Нешка и ќе се гледаме. Токо, де речите „аирлиа да е саатот", и чините ми а алав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Можеби затоа ние со Уртето тие календарите за кусо време ги распродадовме и се најдовме со полни џебови пари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мелодрама Не, доволни се двајца нема место за повеќе и кога би можеле да го измениме и кога праведно би го поделиле Имотов, секому на три, на два, на еден не би било исто ни делот, ни целоста ја имаме сите ние со празни раце ништо немаме штом пасијата стане посесија геометриска прогресија - хаос.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Долго молчеа додека пак, Србин рече: - Не сме ние со таа среќа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Не, не, чичко, не! Немам татко! Ние со мајка ми сме сами - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Навистина, не можеме а да не сочувствуваме и ние со комитата Ѓошо Савев во врска со неговата ваква обземеност од сонот на Акиносуко со оглед на спомнатите услови и посебните околности во кои се одвивала живеачката на борците за слобода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие, пак тие ветрови, а ние со годините стануваме сѐ почувствителни на едноличност.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Всушност, не ми го откорна перницата носот, туку белиот ѕид - додека сонував дека на еден црвен стол безгрижно возам по празни улици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако лебот е малку сув, ронки ни се лепат за горните усни и ние со јазиците се обидуваме да ги тргнеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ние со Наталија само се смалуваме и се собираме онака настрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегаме газ преку глава, се тркаламе и ние со камењата, и облека и лице ќе си искинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се крстиме и ние со неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само да најдеме некој учен, кој на хартија ќе ни прави цртежи на куќи, а ние со скепарите и со мистриите... - мечтателски воздивна Кољо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)