ние (зам.) - сѐ (прил.)

Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се поставуе прашање во што е проблемот при толку „интелектуалци”, а ние сѐ уште тонеме во тињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Голема предност на Јапонците и Германците беше што ја изгубија втората светска војна и што беа сите нивни индустриски обрати уништени. Ние сѐ уште правиме “willow run” бомбардери.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ние сѐ уште се колневме во Тито и во Сталин макар што насекаде ечеше дека меѓу нив е готово.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)