ние (зам.) - или (сврз.)

Студентите веќе не се подучуваат, нема обраќање кон нив, а особено со нив не се разговара како некогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Знаеле ние или не, сакале или не, тој ја менува состојбата на нештата во филозофијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во секој случај, сакале ние или не, мора да се согласиме со латинската сентенца: „Името е обележје“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сакале ние или не, инаетот на Балканот е едно од централните обележја на заедничкиот балкански менталитет кој го наследуваат со векови речиси сите генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Види колку се Балканците непроменливи во комуникацијата на одрекувањето, колку само нијанси содржи негацијата не, па никако најчесто како априорен негативен одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакале ние или не, овој збор длабоко се вкоренил во балканските јазици и подалеку од нив!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Роза е поголема од нас, исто колку и брат ми, па попушти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сестра ѝ Роза беше дома и бидејќи имаат една заедничка соба, имаше мали расправии околу тоа кој ќе биде во неа, ние или таа, оти Мила не сакаше да чуе патувањето да го спроведеме пред сведоци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во разговорот со Черчил, Маклин истакнал дека „партизаните, им помагале ние или не, ќе бидат во Југославија решавачкиот фактор“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто такво убедување изнел и британксиот амбасадор при југословенскиот двор Стивенсон, кој на 25 декември 1943 година, во упатената телеграма до Британската влада истакнал дека „партизаните ќе бидат господари на Југославија...
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
(„Земја со такви студенти (линк Буден) треба да се претвори во полигон за атомски проби!“, изјави господинот Контра Банда/ш/ гледајќи ги карикатурално плагираните македонски ученичко-студентски демонстрации кои во манијакално-депресивен стил на шутнат љубовник минаа во знакот на бебешки незрелата парола “Ние или Тие”), веројатно не била толку калкулантска ни во најтврдите времиња на “едноумието”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)