никој (зам.) - кој (зам.)

Не препознаваше некои од своите пријателки кои случајно ќе ги сретнеше на прошетките – а откако тие ќе ѝ пристапеа, таа ја криеше збунетоста, им поставуваше општи прашања, за да не се забележи дека не знае со кого разговара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе не сакаше да се среќава со никој кој не беше член на семејството, чекореше несигурно и без придружба не излегуваше од дома, а и тие прошетки завршуваа брзо - ќе застанеше, ќе речеше дека веќе не го препознава градот, и ќе се свртеше кон дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сепак, мислење е дека никој кој е при себе не би доспеал во таква ситуација, и дека оние што го загубиле разумот не можат ни да сфатат дека го загубиле.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така, тие самите не можат да си помогнат, како што не можат да бараат помош од другите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Коњот ми пцовиса, а во селото нема никој кој би ми го позајмил својот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој кој сега живее во Перењас не е староседелец. Сите сме дојденци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)