никој (зам.) - мене (зам.)

Нешто ќе даваш напред; нешто кога ќе правам стока, а нешто и ќе причекам. Не клават никој мене жар на мевот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се замислував дека сум невидлива, никој мене не ми обрнуваше внимание и, баш ми беше гајле.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Па, Рози, многу пати никој мене не кажал ништо, ама ја знам дека нешто не е како треба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никој мене не ќе може да ме измами. Таков не се родил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ДИМИТРИЈА: Никој мене не може да ми плати. Кој ќе ми ги плати нозеве? Од оваа чатија паднав.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Одите и фаќајте недолжници, зацимолел Симон Наконтик. - Јас овде ќе си ја чекам смртта, и слушал - пак дивиот петел си го разорувал грлото со крици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Господи, ги извртувал очите. - Никој мене не ќе ми донесе крст од бел камен. Никогаш, знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или оној со врзаноно око ти се пофалил? Тропни ѝ на вратата, ти рекол, ќе ти отвори, ровка е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Никој мене ништо не ми рекол. А ти откажи му на старецот. На двоколка ќе те однесам во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Никој мене никогаш не ме чекал. Никогаш - никој.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)