никој (зам.) - ништо (зам.)

Никој ништо не забележуваше, а најмалку некој забележа низ каков емоционален лавиринт ги бркав своите минати и сегашни прашања и одговори.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Настана тишина страшна и сите знаевме дека тоа е некаков знак што Господ го праќа до нас, а во врска со смртта на царевата ќерка. Но никој ништо не прослови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше ноќ и никој ништо не виде и не чу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ја кревам главата, а од никаде никој ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој ништо не му кажуваше за неа, се правеа како да не слушнале.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И наутро, и напладне и навечер се собираа пред селската продавница среде селото и чмаеа и чавееја, никој ништо не велејќи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Коски толку многу се нагледав, а никоја ништо не кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Изгледа сѐ е веќе пијано, цел свет е пијан, никој ништо не работи неопијанет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одам од човек до човек, никој ништо не ми зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)