ничиј (зам.) - око (имн.)

На стариот Језекил никој не можеше да му ја прости неговата слабост, разбирање за својата немоќ тој не можеше да се надева дека ќе најде во ничии очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш и во ничии очи Онисифор Проказник не видел толку страв: чудовиштето не се делело од видовитиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И уште да додадам, овие писма не смеат да бидат видени од ничии очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)