нѐ (зам.) - грее (гл.)

ТЕОДОС: (Бришејќи го грлото од шишето скришно со шамивчето, прави лице како да треба да испие најодвратен лек. Отпива малце.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Како за утеха.) Па, најпосле, едно сонце нѐ грее. Сите пиеме со уста, безбели.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да не се бркаме, да не се бесиме, да поминиме ошче некоа и друга година, па после бумбар патласан, ако сака с'нце нека нѐ грее кога ќе и затвориме ние очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека нѐ грее гревот. Облизни го јазот меѓу показалецот и палецот тој свет-за-себе таа невидлива сила љубов-заради-љубов ништо друго.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)