нѐ (зам.) - запира (гл.)

За разлика од неа, оптимистичките нумери како „Ние сме семејство“ (We Are Family) од Систер Слеџ, „Жива сила не нѐ запира сега“ (Ain’t No Stoppin’ Us Now) од Мекфејден и Вајтхед и „Разгори ме пак“ (Relight My Fire) од Ден Хартман, кои повикуваа на правичност со љубов, еднаквост и заедништво, но без да упатуваат на ниедна конкретна група, беа опасно популарни во геј-дискотеките.132 ‌Историјата обожава да се повторува – особено, духовито вели Макс, како фарса.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чичко Петре полека нѐ запира со рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Истрчува и тетка Анѓа и со раширени раце нѐ запира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нѐ сретна Лазор Рогожаров и мавта, нѐ запира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги заминуваме ливадите мреношки, мостот и кај киселата вода нѐ запира војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Внимавај сега... Пред мостот нѐ запира силен и неразбирлив крик.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)