нѐ (зам.) - облече (гл.)

Мајка дури ќе нѐ облечеше во новите алишта кои најчесто ги облекувавме во деновите на државните и верските празници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По некое време нѐ ослободија од војничките униформи и нѐ облекоа во цивилни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нѐ пикнаа во бањите, нѐ избањаа, нѐ дезинфицираа, нѐ облекоа во тренерки и нѐ построија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)