нѐ (зам.) - повлече (гл.)

Седнав во неговата река но внимавав да не нѐ повлече нејзиното дно.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ни се причини како змејот се извишува за со конечниот залет да нѐ проголта и да нѐ повлече кон длабината Во тие мигови Мајка започна посилно да ја кажува молитвата за спасувањето на нејзините чеда, која ја препознававме од честите шепотења, кога ни беше тешко во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го имав цврсто прегрнато Игбал, седната зад него како што би седела кога тој би ме возел со мотор, а не на килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И мораме да издржиме сѐ додека не нѐ повлечат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)