нѐ (зам.) - поздрави (гл.)

Чичко Никола ја претера колата од другата страна и оттаму нѐ поздрави со силна смеа: - Ха, ха, ха! Еј, пилиња страшливи, така ли се бега?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Среќа наша што наишол вечерта во Маврово, видел дека куќата ни е осветлена, па наминал да нѐ поздрави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој и нѐ поздравува со непроменливата насмевка - клише.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Среќа што тргнал да нè бара низ ноќта, среќа што го има оној негов пиштол, па пукал за да го чуеме, среќа што го чувме, среќа што Дена се покажа похрабра и од мене, среќа...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По него нѐ поздрави Апостолу, претставник на привремената влада на Грција во Букурешт. Тој не беше така говорлест како Порфирогенис.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Утредента селанецот нѐ поздрави со тага во детски раширените очи: - Одам... Лекарот вели дека заздравела раната.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)