нѐ (зам.) - почека (гл.)

Подобро, без викање, да нѐ почека вистината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги завтаса војниците, ќе им дојде со здивот зад петици, и колку да ги дрпне за ногавици, ќе подзапре, ќе нѐ почека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немаа и одеа да го молат Бошка: - Аман, Бошко, ќе му платиме, само да сака да нѐ почека...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)