нѐ (зам.) - праша (гл.)

Значи, Грците нѐ крстиле „Бугари”, без да нѐ прашаат нас, и ние, немајќи време да гледаме и да му најдеме мана на името, си го усвоивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако нѐ прашаше некој Турчин што сме – ќе му одговоревме дека сме или „каури”, т.е. неверници, или „раја на царот”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што била работата со Итар Пејо, кој знае да каже? – нѐ праша учителот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
•Хичкок: „Едноставност... Тоа е интересно... Тоа е навистина необично...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Продуцентот нѐ праша: „Што! Господе, што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Не може тоа така... - викаа луѓето. - Мора да нѐ прашаат нас...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Министрите нѐ прашуваат дали може оваа работа да се употреби за лекување на наркоманите, нешто слично на метадонска терапија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе направеше мала починка и ќе нѐ праша дали слушаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Ни мене, ни лекарот, не нѐ праша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сопственикот откако нѐ седна, а пред тоа со ненајбелиот пешкир ги истера мувите од масата, сврти лице кон нас и со помош на преведувачот нѐ праша со што може да нѐ почести.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На излегување од продавницата нѐ праша: - А од кој град сте таму во...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се разбравме? - нѐ праша со укор во гласот. – Простете - рече - јас ќе одам зашто во ресторанот ми се порачани сите маси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јапонски дизајнери ни телефонираат од Токио и нѐ прашуваат која ќе биде бојата на следната година.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, ние зедовме 55 проклето огромни слики, и мажи, жени и деца дојдоа да ги видат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жилберт & Џорџ: Ние сме популарна култура. Секогаш ќе постои креативна, инспиративна мисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жилберт&Џорџ: Не се сеќаваме, но тој вели дека после Русија нѐ прашал „Па, каде сега?“ и ние сме одговориле во еден глас: „Кина“.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Изговарајќи некакви волшебни зборови ја барав врвцата со клучот, отклучив и со широко движење на десната рака ги поканив другарите да влезат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја поздравивме сите во еден глас, кога наближивме и мама ни рече - Добровечер - и нѐ праша како сме поминале на роденденот кај Драган.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ја нема баба ти да нѐ праша: каде ни се клучињата, дали ги чуваме куќите и дали сме гладни“, воздивна Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во кујната поседнавме околу масата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нѐ праша дали сме за вино или за чај?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега никој нема со нас: ни некој нешто да нѐ праша, ни некој да ни каже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)