нѐ (зам.) - прекине (гл.)

Во тие моменти постојано страхувам да не заѕвони телефонот, или пак некој да не ни дојде на гости и да нѐ прекине во разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во разговор ни поминаа петнаесетина минути. Нѐ прекина старичка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Оставете го побратимот да влезе в куќи! Ќе има време на сите да ви одговори, - нѐ прекина Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)