нѐ (зам.) - препознае (гл.)

Кај Универзална, девојките се најдоа на тротоарот пред да стигне да им одговори со „догледање“, а пониската му викна на таксистот, кој сакаше да им врати кусур: Не треба. Награди што нѐ препознавте!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се колнам, таа нас нѐ препозна, таа нас тој час нѐ препозна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Живеат места озарени од зори, железни остатоци во воздухот, соништа обликувани од чекан, папараци што нѐ препознаваат, мостови што се дават во реки, часовници навиени за горе во Книгата на смртта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)