нѐ (зам.) - следи (гл.)

Верувај, иако на патот дрво нема, само песок на времето низ пустина гледаш Калахари, и уште нема каде да се качиш, дури и во моментот на идеи бледи, правила туѓи нѐ следи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Возот тргна кон Австрија низ која се патуваше дење, па одвреме-навреме уживавме во убавата попатна панорама која нѐ следеше сѐ до првиот мрак, кога влеговме во нашата земја, кај Јесенице.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А.А нѐ следи, мене посебно, како реагираме на секој виден експонат, па потоа да стапи во дејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ти тогаш ми рече дека ти се слошило и не си можел да нѐ следиш, а беше седнат на столицата на самиот крај од платформата до езерото.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Светецот што ја бранеше на икона православната вера со тризабец имаше лице какво што еднаш ќе може да го има мртов Јаков Иконописец од Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали само покојниот Дмитар-Пејко, некогаш Димитариноарие, знаеше какво чудовиште нѐ следи и чувствуваше ли тој на своето грло, како што чувствував јас, влажни и лепливи шепи на магла?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Змејот нѐ следеше низ води и на копно! Требаше секогаш да се внимава! Границите беа фаталност!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога го напуштивме селото, месечината предавнички нѐ следеше по петите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дека се водат рака за рака. И упорно нѐ следат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
XXXIX Мајкиниот лик сите нѐ следи до крајот на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нѐ следеше сите со благиот поглед.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега, во ова вовче кое чиниш го водеше самата судбина, колку и да беше управувано од Татковите мисли, Мајкиното верно око нѐ следеше сите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)