нѐ (зам.) - смири (гл.)

Кога врвев над амбарите, под душемето, се ежев сиот зашто кога сакаа да нѐ смират, старите ни велеа дека ќе нѐ фрлат во амбарите, во кои живеат и се кријат големи, троглави змии што ќе нè проголтаат на трепнеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој од таму сакаше да нѐ смири малку нас тука.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ова повторно нѐ смири, но сега татко ми добиваше загрижен израз.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние лесно ги препознавме истите хартии од последниот попис на семејството, па тоа брзо нѐ смири.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татковите зборови не можеа да нѐ смират.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но мајка, природно, сакаше да нѐ смири, па му се обрати на татка ми со друг тон: – Сигурно Чанга има добри вести! Таа се враќаше на почетна мисла.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со широко насмевнато лице се вртеше де наваму, де натаму и се обидуваше нешто да рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во таа прекрасна врева не забележавме дека одморот завршил и дека веќе влегла наставничката по македонски јазик.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Што е ова чудо!?“ удираше врз катедрата наставничката, со намера да забележиме дека е влезена и да нѐ смири.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)