нѐ (зам.) - фати (гл.)

Кога еднаш ќе нѐ фатат, ќе нема ништо, буквално ништо што кој било од нас ќе може да го стори за другиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кој ќе нѐ фати? - свика Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- На враќање нѐ фатија, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Долу, крај тротоарот наспроти нашата зграда, беше паркирано полициско комбе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се доближивме до десната драперија затскривајќи се за да не нѐ фати светлината од уличните канделабри.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мојот другар собра суви гранки и смреки и запаливме оган. Од топлината нѐ фати дремка и заспавме.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Воздухот постојано нешто мрмори: може да нѐ фатат на легло, што се вели, натерани под земја, заробени од стравот, од себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ фатило некаде ноќ среде шума, прст пред око не се гледа, што се вели, мислиш си ослепел, а тој ми вели да се фатам за опашката од коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сигурно сакаат да нѐ фатат во стапица, велам, сите да нѐ фатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ фатија на обрис, што се вели, на некој бришан простор и сега, како? Никако...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А ако нѐ фатат? - Претпладне во куќата нема никого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И рече уште дека, ако дојдат во Телок, не е чудно да се спуштат дотука и да се обидат да нѐ фатат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нѐ зграпчи за рака, нѐ фати за косите и ни ги чукна главите една од друга.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Товаравме и растоваравме таму на пристаништето, на црно, додека не нѐ фатија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште првиот ден кога ни соопштија за овој толку чуден, необичен настан во нашиот живот, нѐ фати таа треска. Проклет да бидам, треска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И тргнавме лево. И нѐ фати мракот. Ноќ. Студи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тргнавме. Одиме ние и одиме и некаде, ми се чини на половина пат, по неколку часови пешачење, нѐ фатија и назад во Браилово, во плевните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Голема сиромаштија имаше во тоа Браилово каде нѐ фатија вошки и голема нечистотија се направи од тоа што беа многу деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нѐ фати пладне и на пладнување одиме на островот Свети Аиљ до каде нѐ води понтонски мост што недамна го постави армијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овде веќе не ќе можете да нѐ фатите и да ни ги дерете кожите како тогаш...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Спикерот со завршна интонација и повишен глас рече: – Другарки и другари, не треба непријателот да нѐ фати на спиење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Што ако нѐ фатат? Па нели е тоа нешто како крадење?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На излегување нѐ фати чуварот. - Каде вие? Молк.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа одеше во прво одделение кога нѐ фати маларија и цело лето нѐ тресеше а потоа добив и температура.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еве, уште минутка и ни се чини дека ќе загинеме! – Јас ве љубам, Надја! – ѝ велам полугласно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чини како самиот ѓавол да нѐ фатил во своите канџи, па сега со рикање нè носи во пеколот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)