нѐ (зам.) - нас (зам.)

Не знаеме ние, ние сме прости, пуштете нѐ нас, оставете нѐ нас на мира, ние во ништо не се разбираме, ние во ништо не се мешаме. Како живина?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Проклети да се шпиуни, шпиуни, клети кодоши, трагата ни ја најдоа, та што нѐ нас предадоа.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
„Прашај ги другарите од градот, не прашувај нѐ нас“, му рекол гостилничарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вам ви лета зашто ви е убаво кога патувате, прашајте нѐ нас како ни е - си мислев, растажувајќи се над себеси, а нему му префрлив: - Постојано само одите низ светот, а нас нѐ носите на летување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)