ова (зам.) - сум (гл.)

Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве и една лименка млеко... но, гледај. Со ова сум навистина горда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Јас сум селанец, му велам, а ова сум го читал кај калуѓерите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Качен на највисокото дрво, седнат скрснозе во највисокото гнездо, на челото со едра светулка, во миг ќе свикаше со занес и со горделивост: „Ова на челото е дијамантот од турбанот на дедо, а ова сум јас, златно клуче, златно клуче за сребрен катинар, јас сум пергамент, јас сум тркалезна буква, уште неодгатната“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)