ова (зам.) - ти (зам.)

Ќе откриеш дека ако попрв ги видиш другите, тие нема да те видат тебе, а ова ти овозможува време за набљудување, или материјал за подоцнежна употреба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Што правиш бабо, ова ти е доручек?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На моето дете, она со сипаници. навистина ли пред ова ти се стори дека токму тоа плачело над мене?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
КЕВА: Што ќе правиме?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Ова ти е: удрила чума во сатовите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАРА: (Ѝ подава на Депа столче). На, на ова ти седни, а маживе нека си седнат на земја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Ова ти е да си пукнеш од мака! Ивана го шета светот и била дури во Дизниленд, а ние овде од дома до Млечен, од Млечен на „Плава”, од „Плава” на скали пред влез.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете што правиме ние. Баш ѝ завидувам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова ти е мајка, вели жената, ај сега оди кај мама, му вели и го поттурнува кон мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ова ти е некоја ,територија на Горачинов", си мислам, и само ги преместувам рацете кај што не може да ми ги досегне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Море вистина така беше, бре синко Силјане, туку ова ти е кажано од некого, ја на сон ти се сонило а инаку не верувам да било“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко, ѝ рекла, оти од узур ќе ми везеш црна кошула, сосила ќе ми се правиш ти вдовица; Силјан ни е на аџилак со дуовникот, а пак ти сосила сакаш да умре и да не дојде; гревота е, а ќерко, ова ти што го правиш; моли Бога за Господ да ни го донесе, не туку плачеш и жалиш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како што рековме, овие денови ќе ти се платат по два трудодена, а да не зборуваме за тоа дека со ова ти ја задолжуваш и целана наша Задруга, а исто така и социјалистичкиот напредок на нашено село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, Цезар, ова ти е прилика да ми вратиш за она што сум сторил за тебе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)