ова (зам.) - писмо (имн.)

ЛУКОВ: Одлично. (Му го подава писмото што го имаше Фезлиев.) Сега, веднаш со ова писмо ќе појдеш кај Иванов и ќе му ја раскажеш случката.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Оти ова писмо сум ти го пишувал јас, вели, од фронтот уште, а еве дури сега стасува. Ебати поштите, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Надвор поштарот одеше од едниот до другиот влез и прашуваше за некоја си Чана, а таа токму тогаш влегуваше во црната уста на влезот и грабнувајќи му го од раце одвај пропелтечи дека таа е Чана и дека ова писмо го чека со денови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Постоел некогаш некој род Хетски што се викал, господару. И пишувал со ова писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште малку ќе посакаш од мене да ти поверувам дека го насочуваш на мене својот пиштол само за да спречиш, читајќи го ова писмо, да не си го расипам - апетитот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ми рече веднаш да слезеш долу Иванов исто така, порачал, јас... ова писмо да го однесам... горе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мудроста божја и спасението негово подеднакво на ова писмо се запишани“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ќе одиш со коњ, ова писмо ке го предадеш на луѓето кои таму ке те пречекаат – рекол Мино.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)