ова (зам.) - што (прил.)

Ова што сега го реков мора многу да им се допаѓа на грчките несреќни „левучари“, меѓувремено си рече авторот и продолжи: Ова е миг во кој ве повикувам секој во себе да си признаеме: Секој од нас, секој ден, од девет до пет е на работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко ми се нагледал секакви чуда на Балканот, но ова што се случуваше со козите беше за него најчудниот и најневозможен период.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, благодарам. Господине генерале, ако ми дозволите, сакам да речам дека ова што тука сега се случува, веќе не е борба, ами чисто убиство, да не речам злосторство.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа што таа мина низ измачување и длабока болка се исплатуваше само за ова што го доживеа во овој момент на надоместок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Па, кога Зоки Поки не е ништо од ова што рековме, тогаш што е?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)