оваа (зам.) - вест (имн.)

Тој ден, кога инженерот ја кажа оваа вест, со истата онаа весела насмевка што секогаш го следеше, од високото кај резервоарот можеше да се види како Надежда јаде големи црвени цреши од полната скутина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нашата партија одлучи, а вие први ја дознавате во светот оваа вест, да се објават избраните дела на товариш Сталин на четиринаесет јазици, се разбира со наши средства, со трудот на нашата работничка класа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога оваа вест се пронесе по улицата со шепотење, славата на Фигаро почна да потемнува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па сега, оваа вест на денот, го најде неподготвен!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Морам што побргу да ѝ ја кажам оваа вест на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)