оваа (зам.) - логика (имн.)

На логиката на еден здрав разум ова никојпат не ѝ влезе в глава, но затоа Хегел и го изврши своето епохално откритие, со тоа што ја надмина оваа логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ако ја следиме оваа логика парадоксот се шири како пустина... ах, пустината, еве нешто што силно го доживеав.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи целата вселена ја сфаќаше како применета логика на „светскиот разум“, тој затоа и ѝ даде на оваа логика најголемо значење, ја издигна на степен на највисока наука, го виде во неа здобиеното целокупно знаење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)