оваа (зам.) - ноќ (имн.)

Од оваа ноќ, ние сме одговорни за сите светски настани, од Јапонија, Аљаска и Кремљ до Мулен Руж, од Белата куќа до Елдорадо...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но не е оваа ноќ како првата што ја помина со Спасија и за која му е сега дури срамотно да мисли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа и мулазимот оваа ноќ постави стража и одреди патрола само за долно маало каде беше сместен аскерот и тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
1 Оваа ноќ на твојот трем на небото од бршлен навраќаат ѕвезди Зад благите огнови оваа ноќ Зад летните ѕвездени огнови живеат сенките на твоите прсти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И замисли си, сосема неочекувано и подло, сите овие срамотилаци во врска со нејзиното решение Стојна ми го изнаприкажа откако цела една ноќ ѝ дозволив да ја искористува мојата машкост! (Ех да можеше природата да раскажува!) „Да знаеш, моме, оти оваа ноќ долго ќе ја паметам“, ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оваа ноќ остани во прегратките, да го слушнеш ритамот на моето срце, да го сетиш вкусот на мојата искрена љубов...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Остани оваа ноќ!!! кога сите сетила се во старт, последната мисла нека биде суд, за сѐ она што не можеш да решиш...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Оваа ноќ таа имаше боја, мирис и вкус.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Папсувам во потрагата по тебе... Оваа ноќ само залутаната месечина на палубава ми е верна друшка...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Та и вие би викале вака, и вие би плачеле, би врескал до вишенебеси и јас, кога би ме исфрлил некој, гладен и сам по оваа ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа најгустиот круг, што го имаше оваа ноќ, и продолжуваа да се приближуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дека секој од нив треба да го стори тоа сам. Му пречеше само тоа, што му ја валкаа оваа ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој за сето време знаеше со кого е во оваа шума и во оваа ноќ. Ниеднаш не успеа да го заборави тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во оваа ноќ луѓето личат на деца, а децата секогаш се без лоша мисла. Тие само бараат и откриваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Месечината не може да ги покрие како што го покрива сјајот на ѕвездите. Како оваа ноќ што покри еден живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“ (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна) со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови) брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус) Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна) знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот) шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тие мигови сѐ беше еден простор и едно време во кое јас и Ема, додека во мојот стан чекавме до крај да се исцеди тешката ноќ, да искапи како катран и да се слее во некој процеп без дно, ја живеевме претходната ноќ и ноќта по таа ноќ, оваа ноќ, како една единствена ноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оваа ноќ таа не затвори очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова што е направено за оваа ноќ веројатно утре не ќе задоволува, само сега веќе никој нема ни силки ни желба да прави нешто повеќе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
8. Шуми под твоите нозе мртвото лисје од лани не го слушаш се веат над твоето лице надвесените гранки не слушаш од твоите очи занесени ѕвездите светлина пијат и паѓа златниот прав по разбушавените коси ти знаеш те вика само ноќта браната песна што ечи и што ја слушаш сал неа некому да ја речеш и итаат колку ли итаат твоите очи озарени што не го знаат мракот ни тој ги знае нив Очите полни со ѕвезди ја носат пред себе светлината на преболениот стих Побрзај побрзај брзај оваа ноќ е твоја ноќ и песната е новородено дете што не знае да молчи
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
12. Мртвата песна лежи врз мртвото лисје од лани ранетата нејзина земја и мртвиот аргатин сами Најблиски еден до друг Сал таа немо ја слуша немата исповед на немирната негова душа Лежат неподвижни и неми Молчат и тој и таа во прегратка гушнати вечна под ѕвездите што чмаат Црна е оваа ноќ и црн е веќе светот што ги сврза во едно паѓањето и летот Во корењето истечува земни надојдената негова песна поетот дури се дели од крвта своја пресна Самотнику ноќва е твоја и земјата е најмногу твоја и муграта што огрева веќе од несоницата своја
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Во оваа ноќ низ згрчените прсти на гранките нема да се слеваат лепливи шурки на месечината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Премногу се издолжи оваа ноќ, втаса да забележи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ноќва... која е, всушност, оваа ноќ? Квечерина, се разбира.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Можеби оваа ноќ токму него ќе го земе и ќе го однесе во неврат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оваа ноќ, еве, пак некој греба на вратата и шета по чардакот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Оваа ноќ по своето тело го чувствувам само ледениот здив на изгубените души.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лицето не му го гледав, ама знаев дека очите му се исто толку темни колку оваа ноќ во Гоа и дека во секоја зеница му се огледува по една сјајна ѕвезда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сетив на Мила и на нашето заедничко замислено патување, тогаш во нејзината соба, кога ме праша дали тој мој Игбал е згоден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)