оваа (зам.) - партија (имн.)

Јас ѝ припаѓам на оваа партија, вели, и ако е потребно ќе одам да се борам и на Пелопонез, а не само овдека, во Егејска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој не ја прими понудата не дека гледаше во изедначената позиција некакво скрито предимство за себе, ами просто затоа што само со половина поен ништо не постигаше: оваа партија му е последна во полуфиналниот турнир, и само ако ја добие, само ако реализира вечерва цел поен, тој можеше да влезе во финалето за државно првенство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Новата народна уметност, онака како што ја замислува оваа Партија, не може да биде ништо друго туку терор на провинцијалната потпросечност врз сѐ што е индивидуално и што мисли со своја глава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Публиката е дезинтересирана од оваа партија, таа ја следи играта на другите табли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа ме погледна изненадено и рече: друи ни политиката на оваа партија?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)