оваа (зам.) - празнина (имн.)

Ете, велам, оваа празнина беше село и оваа празнина беше полна со живот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Морам да се движам, морам да си одам, морам да избегам од оваа празнина за да се исполнам со смисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Останува само птицата да тажи за седелото свое и оваа празнина што сака да ни се всели во виделото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)