оваа (зам.) - пролет (имн.)

Ми се чинеше како и тие да сфаќаат дека оваа пролет треба да пеат некаде на друго место...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оваа пролет и черешите не знаеја колку да раснат! Пукаа од здравје!“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Оваа пролет ќе направам една таква проба, - заклучува дедо Иван.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На крајот од филмот, Марсиа умира на клупата во паркот, додека од неа излегува нејзиниот млад дух, кој се среќава со духот на Пол и тие заедно под рака насмеани продолжуваат да одат под расцутениот дрворед од кој паѓа дожд од цветни ливчиња додека во позадина свири „Мила, мила, мила, дали ќе ме сакаш некогаш?... до последната животна пепел, ќе се сеќавам на оваа пролет, ова време на љубовта, на овој мајски ден..“ полека исчезнувајќи во далечината...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оваа пролет една берачка на јагоди слегувала од ридовине сама со полна кошница плодови и песни...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)