оваа (зам.) - слика (имн.)

„ Се обложувам дека зад оваа слика има лебарки“, рече Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И јазикот и културата стремат да ни ја наметнат оваа слика.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нејзиниот поглед само за миг ја фиксира оваа слика: на крајната масичка до излезот седи старица, од глава до петици закукулена во црно - да, тоа е бабата што одвај ја качија на авион во Истанбул.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Кон оваа слика Снеже додаде уште една на која Виктор беше сликан на своето работно место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна во оваа слика откривав мачеништво да се допре до Бог, да се заслужи неговата милост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За да се заокружи оваа слика, за да се дефинира, нешто е неопходно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)