оваа (зам.) - смисла (имн.)

Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во оваа смисла тој е потполно квалификуван да настапи како оној што ќе ја изврши иницијацијата на својата soror mystica, Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И тој е надарен со физички (андрогин), темпорални (бесмртност) и духовни (свест) одлики што го разликуваат од обичните луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но ќе ве упатам на искуството на билките во оваа смисла и ќе напоменам дека и тие веројатно на сличен начин постапуваат не само при ‘ртењето и при расцутувањето или во добата на плодовите, туку , за жал, и во појавата на неминовноста што ја означуваат нивните жолти украси на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И единствено во оваа смисла Хегел можеше да му придонесе на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Бернард Лоун, пак, вели: „Затоа, само оние кои го гледаат невидливото - можат да го направат и невозможното“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)