оваа (зам.) - улица (имн.)

И уште нешто, од дното на оваа улица се дели уличката на „Прашкото Гето“ во Јахимова. Тоа е улицата на еврејските синагоги.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Такви ги запаметивме. Колку ли пати сме ја претрчувале оваа улица се до горе, до затворената железна, дебела и висока порта на кралската палата, пред која тогаш постојано имаше вооружен стражар?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Камилски го остави пред себе куферчето, ги рашири и крена угоре рацете, велејќи му на зачудениот Паскали: Низ оваа улица минува слободата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)