оваа (зам.) - љубов (имн.)

Оваа љубов меѓу луѓето и козите на Балканот беше чиста, целосна, света.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Зар не слушна што ти реков за оној Ракиткин“? прашува таа оџагарена во мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толку ѝ се намиле ова дете. А Крчо пак, инстинктивно ја почувствува оваа љубов на старата и само се умилкуваше околу неа како маче околу мало дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас уште не ја разбирам оваа љубов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ако не се реши на тој чекор? Ќе раскине ли? Ќе ја прекине ли, жестоко кон себе, па и кон него, оваа љубов?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И замисли си, наеднаш Рајна ми вели дека воопшто не ја интересира со кого спиел, и немало воопшто да ја спомнува оваа љубов на Генералот ако не се случило она што се случи - неговото убиство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)