оваа (зам.) - уште (прил.)

И кога Митра, и после ќотекот нарипуваше на Доста, оваа уште повеќе ја дразнеше со Стојовата груба постапка и и се фалеше со него: — Е, арно де, арно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А беше богата и писмена и тоа ја правеше наперната и осорна; беше и разгалена меѓу деветте сестри и единствениот брат, кој пак за несреќа, доведе за жена една божја бубалка, Паунка, од селото Булачани, која ѝ се плашеше толку на Тодора, што везден ѝ се тргаше од патот и ја направи оваа уште посурова.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)