оваа (зам.) - или (сврз.)

За политиката одлучувале тела кои биле потполно надвор од СОЕ, СОЕ единствено можела да каже што мисли за оваа или онаа политика и тогаш да чека други да одлучат каква политика ќе се избере.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа напнатост помеѓу есенцијалистичкото и конструктивистичкото гледање кон национализмот Ernest Gellner ја изразува на следниов начин: „Голем, но важечки парадокс е следново: нациите можат да се објаснат само со поимите од времето на национализмот, значи, обратно од она што би можело да се очекува. ‘Времето на национализмот’ не е Маргина 36 11 само збирштина од будења или само-освестувања на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И се лутеше, пцуеше, жолчно се расправаше со другарите кога слушаше дека таму „горе“ како што се велеше - големците се караа меѓу себе, се обвинуваа и се клеветеа, се распоредуваа на оваа или онаа страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од деконструктивна перспектива може да ми се случи да кажам глупост или бесмисленост за оваа или онаа научна парадигма или за оваа или онаа поврзаност на некој филозофски систем. За тоа може да се дискутира.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сакам да им речам да слезат на земјата и се чудам зарем не гледаат дека под нив е цврсто тло, но на нив тоа им е невозможно зошто тие не можат да живеат од оваа или од онаа страна на реките.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тие закони дозволуваат да се повлече права кон оваа или онаа точка на иднината а не да се оди по комплициран кривулест пат со лажна потера по сегашноста.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Постојано го насочуваа како да мисли за овој или за оној човек, за оваа или за онаа работа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)