овие (зам.) - обид (имн.)

По сите овие обиди за наоѓање некое „чаре“ за својата мака – тој конечно во јуни 2010 година се одлучува да покрене судска постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како што одминуваше времето и овие бонови прекратија.2 Поради отворената можност за приватизација на оваа јавна радиодифузна единица од страна на еден, во тоа време, моќен локален бизнисмен – вработените, преку нивниот синдикат, започнуваат преговори за трансформација на радиото од јавно во приватно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Освен обраќањето до него, Љ. Н. се обрати и кај 168 други релевантни институции и невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет за човекови права – каде што само беше сослушан, но никој од нив не превзема ништо конкретно за да му помогне во овој случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш зошто се овие обиди со сите средства да се убедат луѓето во најпростата вистина – за најобичното непостоење на душата?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, овие обиди завршуваат безуспешно – по што кризата на ова претпријатие се продлабочува, а со тоа и агонијата на тамошните вработени чијашто егзистенција, нивна и на членовите на нивните потесни семејства кои ги издржуваат, е доведена во прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заедничко во овие обиди се нивните ограничувања кои се јасно прикажани, и, како и самите резултати, и тие се видливи без никаква мистификација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)