овие (зам.) - одредба (имн.)

Овие одредби се истоветни со оние одредби од Законот за внатрешни работи (2014) кои се однесуваат на процедурата за отпочнување и на начинот на одвивање на штрајкот на вработените во Министерството за внатрешни работи (чл. 158 и 159, ЗВР/14).144
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Според нив, со бришењето на работничката книшка ќе дојде до зголемување на административните постапки и судските спорови и, од тие причини, тие сметаа дека не е добро да се укинат овие одредби.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со оваа измена беа воведени три нови скалила за одредување на бројот на месеци за кои ќе се исплаќа паричен надоместок, но целта и на оваа, како и на сите подоцнежни промени на овие одредби, беше да се намали времето за кое ќе се исплатува паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Измената на ЗИПРМ (1994) од 2008 година повторно ги промени овие одредби од законот, согласно воведувањето на концептот „бруто плата“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)