овој (зам.) - последен (прид.)

Во прозорецот му удираше еден чемпрес, а чиј хороскоп го направија заедно со Марин Крусиќ кога овој последниот пат го посети во Блатието, каде што се глави како рибар на санџак-бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но кога се сретнав со службеното лице што го пополнуваше формуларот за моето отпуштање не пропуштив да прашам кој ден во неделата сме и колку имам поминато в затвор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го видоа ова Илија и Митре, и овој последниот позабрза пред Толета и уште оддалеку почна да вика: — Селани! Не бегајте, не плашете се!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој последниов служеше за фрлање на употребената хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По овој последен распит ја загубив стрпливоста за следење на протекот на деновите, а уште помалку на месеците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)