она (зам.) - што (зам.)

И покрај сево ова свесно одолговлекување, Костадиновска се обидува овој проблем да го реши на мирен начин, така што во дополнителен устен договор со директорите се договара средства- та да ѝ бидат исплатени одеднаш, но по три месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Она што имаше намера да го стори сега, беше да почне да води дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во САД, реалноста и масмедиумските нарации се стопуваат во едно, така што е мошне тешко да се направи разграничување меѓу она што е фикција и она што е вест.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А и не е срамота да се браниш од ѓаволот и од болестите. „Умно е само она што е и корисно за тебе, за куќата“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас го изгубив сопственото „јас“, тебе ти го подарив сопственото срце, душа и име, не знам кој е ден ни месец, водам борба со себе и се презирам светот, како целиот свет да е крив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Колку добри вистини се искривуваат и изместуваат на оној кус пат помеѓу намерата што треба да речеме и она што ќе истрча од нашата уста)!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разочарав од она што го видов. Освен морето, ништо друго што може да привлече. Крајно неуредно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лудилото не ја разбира нормалноста, нормалноста не го разбира лудилото,“ рече еднаш доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во него секоја буква беше сликичка што лесно се сочинува, лесно се помни и лесно се отклучува значењето нејзино, оти сликите најлесно ја предаваат душата нивна, значењето: еднакви се по значење со самите себеси, со она што нацртано со сликата е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Разликите меѓу нас сепак се споредни: она што Фуко го нарекува диспозитив, а што Феликс и јас го нарекуваме подесеност, нема исти координати со оглед на тоа дека Фуко ги поврзува изворно историските низи, додека ние поголема важност им придаваме на географските состојки, на територијалитетите и движењето за детериторијализација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Она што сега го прочитавте ги става рамните потпетици и геноцидот во исто рамниште.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А морам да признаам дека за оваа моја неизречена помисла, од која требаше веднаш да се вцрвам, ми се чини дека беше сосема безвредно она што подоцна самиот си го префрлував, дека му припаѓам на суровиот и недоделкан дел од стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога се повлекоа војските од селото, Танаил започна сѐ позачестено да пука со мините во каменоломот за да го надомести сето она што го изгуби во времето додека војските беа во селото и кои му забранија да пука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Она што сега ненадејно го сепна Винстон беше помислата дека смртта на мајка му, пред близу триесет години, беше трагична и тажна на начин што повеќе не е можен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Одеднаш почна да пишува воспаничено, само делумно свесен за она што го прави.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Среќа е сѐ она што те прави жив те прави она што си, те воздигнува до небото, те прави силен и самоуверен.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сакаш – не сакаш и по тамина ќе зборуваш, зашто малку од она што го кажувам е по видено а повеќе по чуено, по начуено и по тоа како што може човек да си мисли...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самата ќе се засрамиш кога ќе го свртиш погледот кон она што го ткаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас се израсплакав, не знам дали оти го видов во монашка одежда или оти однапред го доживеав она што ќе го доживее Лена, кога ќе му го чуе гласот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Широчината не е без сајбија иако е тој без тапија, без документ, речиси, со кое би имал право да го чини она што го чинеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Каква улица? - Одаја, се поправив. - Каква одаја? Она што барав, најдов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не сакам да размислувам за она што со години се повторува на првиот училиштен ден!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па си го донесе она што го сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На мошне заобиколен начин Дерида како да навестува дека странската, источна митологија внесена во Федар вопшто не е странска, туку е составен дел од Платоновиот сопствен дискурс - значајна придодавка, би се рекло, која треба да се смести вон, а всушност припаѓа внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа мисла можеби го преобразува просторот и преку апории ја расветлува потврдата (не позитивна) која им предстои на секоја критика и на секој негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пишуваше поинтересно и повеќе од она што го учевме в училиште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нели на Босилка ѝ помогнал да ѝ се допадне она што во еден момент на неразумност посакала да ѝ се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нѐ збунува можеби тоа што понекогаш она што ни се допаѓа се поистоветува со патот на судбината.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со оглед на тоа дека е аутопсична (аутопсија на старогрчки значи да се видиш себе си, да зборуваш од свое име, да зборуваш за она што си го видел со свои очи), сликата подразбира лично сведоштво и искуство преку патување, откривање, набљудување, размислување“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Блажени се оние што со храброст во своите срца ќе истраат да бидат она што од навек биле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа е како дете радосна затоа што не го најде она што го бараше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
13. Кога сонувам јас не сум во кома И сепак дослушнувам нешто од она што се зборува околу мене А зборуваат луѓето сѐ и сешто И понекогаш дури ми е непријатно
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Самопрекорот е она што секојдневно го појадуваш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не случајно, мотото на една култна претстава во нашите театари беше (се мисли на „Буре барут“): „Она што во светот е инцидент- кај нас е систем, она што кај нас е систем, во светот е инцидент!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За она што не ќе можеме да платиме, ќе работиме. Качари сме, колари, казанџии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заради таа горчливост беше бессилен да се спореветри и да биде она што бил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зашто само со такво сознание можеш да се спасиш од она што му се случило на Форест Гамп - да те лансираат во вселената заедно со жена - типична феминистка и женски мајмун-орангутан како необични примероци на човековиот род од планетата Земја.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Животот е многу, еден и сѐ, Животот е она што е за вас цел свет.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Од неодамна тој има нов проект, поддржан од некои големи американски универзитетски лаборатории.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Газдата Спиро Михаилов лично ми рече: "Твојот човек, госпоѓо беше голем мајстор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па сепак во собата се насетуваше она што се вика пладне.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стравот го оставив во Бејрут, во пепелот на она што беше мој дом.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А и жена му Анастасија можеби била спречена да узнае кој ќе ѝ го посади синчето под папокот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неочекувано лесно го доби она што го посакуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се чинеше дека колку поневолни беа неговите постапки, свесноста за она што го прави станува сѐ појасна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бевме во онаа доба кога не се ни насетува дека еден ден сетилата ќе бидат само дел од заробеноста во просторот и времето, а не дел од трепетот и од насетувањето на нешто што е отаде, ќе бидат само сведоци на материјата во која веќе нема да може да се доживее онаа нежност, онаа топлина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Интересен случај - не пропушти да прокоментира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој прави мелодрама чија цел е евтина катарза, меѓу другото и преку инкорпорирање на централната фигура која е праведна и широкограда - прилично периферен карактер за да се користи за илустрирање на суштината на она што се случува. 98 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Она што јас го подразбирам под „буквално преведено значење“ е блиско до поетската метафора, но не треба да се меша со неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Може ли да се мисли оти на конференцијата ќе има поголемо едногласје од она што го гледаме сега во постапките на двете заинтересирани држави?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Објаснете ми убаво за она што се случило некни кај оние ваши колиби... За она пресметување и сѐ друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во едно интервју во Лондон, во еден од моите ретки луцидни моменти, реков дека разликата меѓу она што Бароуз го прави и она што јас го правам е во тоа што Бароуз едноставно ги лепи работите на хартија додека јас сѐ распрснувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Она што се случи во Пелазгиј го разбрав само јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пренебрегнувањето на таквите можности, она што историски гледано го правеше теоријата на преведување, само ја перпетуираше нејзината неадекватност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таму, на Трескаец, за првпат го откри, а потоа, во Света Гора, и го домисли она што и ден-денеска го сокрива од луѓето и поради кое мисли дека е неподобен за вршење на свештеничка работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оставени сами на себе, тие ќе продолжат од генерација во генерација и од столетие во столетие да работат, да се раѓаат и да умираат, не само без секаков нагон да се бунтуваат, туку и неспособни да сфатат дека светот би можел да биде поинаков од она што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што Евреите, кога воведуваат дете во училиште му велат: „Учи се! “ - како она што значи алеф, така и Грците го примија алфа.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако му се дозволи контакт со странци, тој ќе открие дека тоа се суштества слични на него и дека повеќето од она што му е кажано за нив е лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Јас не можам да судам за други партии, вели Апостол Макаровски, иако сметам дека она што ѝ се припишува на југословенската партија е чиста клевета.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислев дека она што треба во мене да е страв станува дива болка од која ќе можам да се избавам далеку од ова чудно земјиште со многу жили во себе, негде на некое бачило запаметено од детството или од прикаските на тоа детство: во несоблазнет дом на недоразвиени јагненца до чии меки слабини топло се дише, бескрајно се сонува цутењето на праските и јаболкниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ОПЕРАЦИИ Светот, според Хегел, е „единство на даденото и конструираното”. Диференцијацијата меѓу она што е „дадено” и она што е наш „конструкт” е прилично сложена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој е како дете радосен затоа што го најде она што го бараше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веќе ги набројував во себе луѓето на кои ќе им пишувам и ќе го барам она што сакам да го барам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Каде авторот го пронашол овој податок? Дали ова му изгледа пологично од она што го кажува Симеонов и го прифаќа Силјанов?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој се помрдна малку настрана, така што Винстон сега имаше подобар поглед на она што беше на масата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Го виде ли и ти бабо во чајот она што го видов јас?“ – мислев да ја прашам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И како во сите добри пародии - критичарите и кураторите ме прогласија за шарлатан, а малограѓанските колекционери се жалеа како моите слики не го одразуваат македонското поднебје кое е сончево и светло, а она што јас сум го изложил е темно и депресивно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кон нив Луман беше безмилосен: ќе го претепаше должникот, ќе му го грабнеше детето и не му го пушташе додека не го добие она што сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие го имаат токму тој призвук на невистинитост, но всушност се многу вистинити и тоа е она што е најстрашно. К: Повремено помислувам пак да ги засукам ракавите и пак да станам оптимист и да се обидам да направам нешто, но ситуацијата постојано ме тера да се занимавам со музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Не знам. Секоја судбина е приказна за себе,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ти знам исто се чувствуваш.. правиш сѐ за да не се случи она што мора еднаш.. зошто човек може да побегне од сѐ .. но никогаш од себеси...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Зајакот не е во грмушките, зајакот стои среде друмот, а за она што се наоѓа зад капињакот остави времето само да го побара и да го открие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имав голема желба да видам како, преку уметнички остварувања, на сцена може да се доживее она што секогаш останувало како најскриена дискреција во интимите на човекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секс, дрога и рокенрол. Секс немаше никаде, освен во неговата парола, ама затоа пак, имаше премногу од останатото, знаеше точно како да го компензира она што му недостигаше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Од интимно исповедните ноти како продукт на човек кој припаѓа на редот на авторите во егзил (од 1938 година ја напушта Романија и живее во Франција), она што ми остана во трајно сеќавање е ламтежот од натисокот на проблемите од егзистенционален карактер.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пренесено, тоа е она што веројатно се случило на акцијата Келтско (Kinloch Rannoch) шкотска симфонија од 1970 г..
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И покрај сите вакви збунувачки размисли, за нас смртта не е веќе она што претставувала за татко ми оној ден кога го пронашол својот помал брат во сенката на една од крушите кај Желкин рид потпрен со грбот на стеблото на престарената круша и со матарка вода во раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во Партијата сите носеа маски, играа ролји кои не им припаѓаат, и во трансот на поистоветувањето на она што се со она што не се, се соживуваа со маската и ролјата што ја играа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овој дожд не е од вија времиња сите дождови идат од далеку но овој е од потаму си думам и никако да најдам стреа да го заштитам она што можам барем она што го немам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби го викнал Ролана и го довел до некоја замрачена соба во куплерајот“, си претпоставуваше таа, „до некое сопче од оние горе, на катот, во Градината што не ѝ го знам ни името, и го замолил да влезе во собата и да го стори она што обично, во таквите случаи, им се прави на курвите, уверувајќи го дека е во прашање некоја нова девојка, некое златно суштество.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овие сокаци на пладне се тивки и мирни, па се чини, да не била некаква фатаморгана, она што можеше да се види и почувствува изутрината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според нивните анализи на советското инволвирање во Грција, британските експерти сметале дека во почетокот на војната тие не покажувале поголем интерес за она што се случувало во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
В ред, в ред, тоа не значи дека сите ние не заспиваме и не се будиме со уверувањето дека не сме премногу злочести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам на бројот и квалитетот на комплиментите што ми беа упатени во разни прилики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го пеам она што треба да им го кажувам. Опера...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одговори Откако засекогаш го избриша она што го запишал во песокот пред себеси го прашаа што напишал а Исус им одговорил: јас ништо ниту запишав - ниту избришав!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован Бошковски ЧОВЕК НА ПОКРИВОТ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој најревносно се забавуваше. Како да сакаше да го надокнади сето она што го пропушти!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Фаерабенд го изразува ова гледиште во еден парадокс во својата книга од 1987 Farewell to Reason: „Најдоброто образование е она што ги прави луѓето имуни на систематските обиди за образување.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Понекогаш единствен начин за опоравување од траумите на детството е повторното раѓање, кое ја рекапитулира траумата, но на човекот му дава и можност за нов почеток.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ни телалите од долните села повеќе не одат средсело за да им го соопштат на луѓето она што самото по себеси се подразбира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мораме да научиме да летаме со она што го имаме. Со она што ни е дадено. ЕВТО: Со патлакот и двата ташака.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И, за сѐ одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива покорна пред слободната терепетливост на машките, пред да ја изгради таа увереност, веќе и говореше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Цената на сознанието беше губењето на рамнотежата, и во таа точка јас таа цена одбивав да ја платам; се грижев за рамнотежата, а не за неверството на сопругата, и тоа беше она што беше – смешно!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
-На сите други учесници, мислам пред сѐ на моите врсници што ме исмејуваа, она што се случуваше веројатно им наликувало на скеч или на хумореска во која, за жал, јас бев исмејуваниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е таа а приори поставена но обично подсвесно наметната принуда на свеста, што подјармува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако се вели - лебами, лебами ти велам, на нејзината уста како да си го гледав животот, целиот свој живот и она што е секогаш до нас, а не можеме да го фатиме...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или ако бевме спомнати како сведоци кои сметаат дека е најумно да го заборават она што го слушнале?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вистина е само она што е запишано на вратата на крајот од ходникот. А ходникот завршува во северното крило на приземјето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Седев во хотелскиот бар кога Бароуз влезе со две прекрасни англиски момчиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во истиот пожар, во истиот потрес трепери генеалогијата растурена низ сите структури и сите подлоги за коишто зборував: Западот и историјата на филозофијата, она што ја врзува со неколку непомирливи (што и да речете) монотеистички струи, од една страна, со природните јазици и националните чувства, со идејата за демократија и со онаа технолошко-политичката, од друга страна, со бескрајното напредување на идеите на меѓународното право, најпосле, чиишто граници се укажуваат појасно од било кога - и тоа не само поради тоа што оние кои го претставуваат и го подржуваат тоа напредување секогаш ги застапуваат интересите на одредени хегемонии и затоа единствено можат непримерено во бескрај да му се доближуваат, туку и затоа што тоа се темели (а тоа и го ограничува) врз сознанијата на европскиот филозофски модернитет (нација, држава, демократија, односи меѓу парламентарните демократии на разни држави итн.) - да не го споменувам она што одвнатре ги поврзува науката, технологијата и војската со тие сомнителни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле зошто не би било така: вистината е понекогаш во уверливоста на она што ни го раскажале и во она што други го слушале од нас кога сме умееле да раскажуваме.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Набрзина, така застанат над масата, ги рашири папирусите и бргу прелета со погледот над она што го напишал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа, мораме да го отфрлиме позитивизмот којшто стекнува „сигурност” така што успешно го прикрива она што е и она што не е, така што го униформира светот, го преобразува она што е стварно дадено, во заграбено, а потоа го зема тоа како дадено, така што светот го лишува од битија, а светот на битијата го прогонува во земјата на сенките на субјективни „вредности”. okno.mk | Margina #22 [1995] 31
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со години сум го разурнувала она што мој Благоја го градел”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сите ние - и ние терористиве и сета онаа мизерија од политичари, патриотари и џамбази и обичните луѓе, како тебе - сите ние сме немоќни пред она што се вика: судбина на Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Духот (ма колку вам тоа ви изгледало демагошки штос и збор од ступиден ТВ прилог за Културата) е она што ја одржува било која форма на заедница.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Скандалозното поимање на пишувањето, кое ги нагризува самите темели на наша­та мисла од филологијата до семиологијата, опстојува во она што Дерида го нарекува текстуалност, неговата теорија на пишувањето како систем од придодавки кои се разликуваат едни од други а притоа взаемно не се укинуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што ме приближи до христијанството е отелотворувањето, а не спасот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше вистинска револуција во однос на она што тогаш го имавме како детско-едукативна понуда.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој очекуваше расправии, кавги, може и до инцидент да дојдеше, според она што беше слушал за тврдоглавиот и суров самозван војвода Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бидејќи урбаниот простор е толку заситен со пораки од културата и доминантните идеологии, јас сакав да создадам еден друг простор“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Трча така, го загледуваат и чевлињата одеднаш не се чевлиња, туку кој ги носи најјунак е, кој ги носи најубав е, кој ги носи е сето она што селаните најмногу го ценат и сакаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во тој извонреден јазик не постојат, значи, само зборови кои кажуваат како „јако“ така и „слабо“, или како „наредување“ така и „потчинување“; постојат и композитуми како на пример „стармал“, „далекублиз“, „врзувараздвојува“, „надворвнатре“..., кои - наспроти нивниот склоп кој во себе го вклучува она што е најразлично - значат само, во првиот пример „млад“, во вториот само „близу“, во третиот само „врзува“, во четвртиот само „внатре“...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но она што најмногу го погоди Винстон беше изразот на беспомошен ужас на посивеното лице на жената.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како сега да се помириме со тоа дека Египјаните си допуштале таков посебен контрадикторен јазик?... дека на меѓусебно најнепријателските мисли им давале една иста гласовна подлога и дека во нераскинливо единство го поврзале она што взаемно најсилно се спротивставува?“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас кога народот ја претчувствува мемлата во говорот, офтиката несомнено насетува неслобода осој, таму кајшто треба да припекува слободата на зборот и мислата сласта на грлото кога го испушта гласот милозвучен ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот во него е сѐ она што по којзнае кој пат било не само овде и не само во нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мао Це Тунг има идеја за постепено издигнување на она што е прифатливо за народот, така што примарната рамнина преминува во секундарната, па во терцијарната, ако се прифати неговата идеја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој се врати кај масата, го брцна перцето во мастилото и напиша: „До иднината или до минатото, до едно време во кое мислата е слободна, кога луѓето се разликуваат еден од друг и кога не живеат сами - до едно време во кое вистината постои и она што е сторено не може да биде отсторено:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеш, реков, не знаејќи како да го кажам тоа што сакав да го кажам, знаеш, реков, оној што сака да пишува гледа што гледа околу себе, го има предвид и она што некои други го рекле за истата работа, ама сепак мора да се осами и само во своите мисли да гледа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Облечена во бел мантил, се најдов на спротивната страна од бирото со рецепти, слушајќи го пациентот за она што ми прикажува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Го затекнав киното во кое беше забрането пушење, но и водење гласен разговор за филмот и за сѐ она што се разголуваше во него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Она што го јадам, го повраќам, другото го истурам в нужник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога имаат тефтерче, немаат молив.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Она што се обидувам да го кажам е следново.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само јас, на пример, јас сум, јас не го сакам простото, зарем не, она што е простаклак.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што мене ми изгледа важно е подемот на e-mail контактите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најбогат беше асортиманот на рибите и морскиот свет. Од сето она што се нудеше овде, не можев да забележам само месо од китови веројатно и од ајкули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подоцна разбрав дека Пенчо успеваше во сѐ зашто не бараше ни пат ни начин во своите постапки, зашто до целта го водеше само јатката желба да го стори она што го сака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дискусија
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа што толеранцијата обично ја поставуваме во подрачјето на моралот сѐ уште не значи дека е исклучена од правно политичката сфера.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Искачи се на врв- себе и повлечи се во подножјето има плодни почви јаболка кои мирисаат на магдонос и нане поради долгиот престој во ист сад зборови кои се припикнуваат во пазувите -мажјаци скокотливи, полнозначни, семеносни- глетки кои трчаат по тебе како верни загари времиња кои те опоменуваат обѕрни се, објави се но не застанувај што погоре, толку подоле она што во себе го имаш единствено го имаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој нема родители. Тој му припаѓа на она што му ја заплени душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И на крајот, нешто што се подразбира, но сепак мора да се каже: Маргина веројатно би постоела и без Сорос (помала, поевтина), но она што тие ни го заштедеа е непроценливо: многу нерви и многу достоинство (не мораме да трчаме кај ново-богаташиве и не мораме, од друга страна, да го бирократизираме тој сѐ уште ентузијастичен импулс што нѐ води).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Недоразбирањето е она што ги раздвојува нормалноста и лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Трите академски идеи кои навистина ме интересираат се: она што мојот учител (говорејќи за Сезан и кубизмот) го нарекуваше „ротирачко гледиште“; сугестијата на Марсел Дишан да се досегне Неможноста на доволно визуелна меморија за меморираниот впечаток да се пренесе од еден на друг сличен предмет; и Леонардовата идеја...дека границата на телото не е ниту дел од зафатеното тело ниту дел од околината на атмосферата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бошко се стегаше, но сакаше да го прави тоа, мислеше дека му е доста она што му го дава Луман, но со времето навикна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Чекав да се јавиш до 23 часот. За жал не дојде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сето тоа доведе до денешнава состојба, кадешто е евидентен јазот меѓу она што ѝ се соопштува на јавноста и она што извршителите го прават по повод контролата на менталните заболувања.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Освен храната и искачањето, она што останало као поим за квалитет се и кондурите од Пеко што се носат по 15 години, оделата Мура, делотворниот Лексилиум, Рашица џемпери, чорапи 5 за 100, сендвич ѕид со петка тервол, мушки гаќи 3 за 100...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најдобрите книги, помисли тој, се оние што ти го кажуваат она што веќе го знаеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Моето постоење, конкретумот на моето битие без тебе, без нас, без она што можеме да постанеме заедно, без нашата љубов, без нашиот копнеж и жед за животот би било сурово, измачувачко, ништовно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Истата соѕиданост во влакнестото тело, истиот рамнодушен подбив кон сѐ она што не е залак, истата упорна залепеност за тврдата почва по која се гази, со полунаведната глава, во потрага по храна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак, она што најмногу го предомислуваше беше развиорената кадрава косичка на Ева, која ни за момент не се одвојуваше од лулашката.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И ако разменеа по некој збор, тој секогаш беше далеку од тоа дури и да се потсети на она што мислеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Делови од него постојано преминувааат од рацете на една во рацете на друга и токму можноста за заземање на овој или оној дел со неочекувано предавство, е она што ги диктира бесконечните промени на сојузништвата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем и не би можел да не се помамам по зелената боја кога таа не наидува туку извира од мене, од срцето ми извира, од сржта на она што сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Морниците што ѝ минаа по телото од она што го чу ја натераа да рече: - Како да тропаше некој, - рече таа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
СОЊА
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Владејачките групи секогаш беа до извесна мера заразени од либерални идеи и со задоволство ги оставаа работите недовршени, обрнувајќи внимание само на она што нивните поданици го прават, а не и на она што го мислат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повремено, можеби два пати неделно, одеше во една прашлива, од сите заборавена канцеларија со запуштен изглед во Министерството на вистината и завршуваше по малку работа, или барем она што се нарекуваше работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Телето сосем го изуми. А и по она што му го рече чичко Добре, изгуби секаква надеж дека ќе го пронајде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овој врел и мрачен гроб среде пустината или она што секако треба да е минатост, минатост што така дрско продира во него и го напушта тогаш кога му е најпотребна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, како совршено заокружување на сѐ она што веќе ми го имаше речено, онаа смешна додавка: иако не бил моментот за спомнување обетки, белегзии и други женски глупости ете, таа и тоа го прави па затоа сите отклоненија во нејзиниот разговор да не сум ги сфаќал сериозно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сето она што офицерот толку усрдно го читаше и со тоа го привлекуваше интересот на слушателите, на Етхем-паша му беше неподносливо, изветвено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но оваа нивна политика се променила пред „околу два месеца“, кога тие започнале отворено да ја „поддржуват ЕАМ и да ја критикуваат“ британската политика.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Обвинетиот Иван Ташин е копиле според вистинското значење на овој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа препречена брана, брана накосо поставена, за да се одбрани од сето она што животот го носи, од бурната животна река, големата вода, која ако не се одбрани, човекот ќе го завлечка во лош правец.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И единствена вистина е сето ова, единствена жива вистина чекори меѓу вас како виор и како ноќта што е мрачна наметка на мојот порив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како добар аналитичар Еванс забележал дека македонскиот народ во тој дел на Грција, иако немал национална интелигенција, а исто така и организирана национална дејност, и покрај теророт што бил практикуван од страна на претставниците на државната власт, особено селското население во поголем број останало тука и јасно го дефинирало својот македонски идентитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Лесновските мајстори веќе делкаат камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
25 Границите не служат само за разграничување помеѓу „пријатели“ и „непријатели“, помеѓу „граѓани“ кои имаат одредени права и обврски и „странци“, туку тие исто така го сочинуваат она што е блиско и прифатливо за заедницата, како спротивно на она што заедницата сака да го негира, стигматизира и депортира, да го отфрли од своето тело.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш беше навистина изненаден од она што го слушна и што го виде, уплашен од сомнежот во сопственото срце и од сомилоста што ја почувствува кон Стефана, осамениот говорник пред фарисеите, кои нервозно си ги потскубнуваа брадите слушајќи го.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ она што е сторено го сторија неговите раце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А вие, знам, ќе го продолжите она што го почнавме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Сметате ли за нужно да ми држите лекции? Го чинам она што сакам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Светот е она што е, и точка. И таков каков што е, тој е од најголема неопходност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури можеби и презел мерки да скрие од Ролана со која жена го сторил она што се случило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби поради детето во мене, сѐ уште не можам да се ослободам од анегдотата што мајка ми ја раскажуваше секогаш кога ќе се најдеше во ситуација да го подели она што го приготвила како храна (ќофтиња, пилешки крилца, колачиња, јаболки и слично): „Мајка имала девет деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се сеќавам на рокот што го имаа: да постават изложба не во излозите на улица, туку горе во зградата, за компанијата која се занимаваше со продажба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мандала е основниот визуелен израз на мозокот, што е едноставно рефлексија на она што мозокот го „гледа“: зеница, полно дигитални оптички точки, стапчиња и чепчиња, со слепа точка во средината.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бевме во добата на невиноста, кога со допирот и слухот, со вкусот, со мирисот и со погледот, може да се насети она што е отаде појавното; кога ни се чини дека дури и низ предметите тече крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не сум сигурен со каква цел но иследникот повеќепати побара да ги повторам имињата на децата што ме исмејувале. (Се разбира сега веќе не стоеше кај прозорецот туку повторно се беше вратил кај бирото и сите имиња што ќе ги спомнев грижливо ги запишуваше).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Самиот си си должник. Побарај го крадецот и земи го она што е твое, ако е твое.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ти си мислиш“, рече тој, „дека со оглед на нашата намера целосно да те уништиме, така што ништо од она што ти ќе го кажеш или ќе го сториш нема ништо да измени, - зошто, во тој случај, се трудиме толку многу прво да те сослушуваме? Тоа го мислеше, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, и после истекот на овој новоутврден рок за исплата, таа пак е изиграна и повторно не ги добива неисплатените плати и отпремнината. 274 Сепак, Костадиновска сè уште верува дека спорот може вонсудски да биде решен, па после одржан нов состанок со директорите, добива ново ветување дека во новодоговорениот рок, конечно, средствата ќе ѝ бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Она што е чудно е тоа што истиот овој човек се наоѓа и пред и зад тезгата. Час е продавач, час купувач.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
МИРА: Кратенка за „хај фиделити”. БОРИС: Аха. (Пауза) Што беше „хај фиделити”? МИРА: Висока верност. БОРИС: Висока верност на што? МИРА: На звукот. Репродукцијата е верна на она што е снимено.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Без да се предвидат сите стапици на многуте животни искушенија, многуте испреплеткани жили на очајот, недоразбирањата, изгубеноста и стравот на споулавеноста пред утрешниот ден, можеше да се верува дека животот е бескраен сончев простор во кој она што живее, дише расте е бесмртност и вечност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А додај ги на овие вродени разлики уште и разликата во годините, воспитанието...(значи сѐ она што е во корист на нашите разлики) - и, се разбира, замолчувам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ноќта што поминуваше всушност му беше потчинета на недореченото, а она што беше кажано имаше повеќе лица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но имајќи го предвид она што Богуле во текот на годината одвреме-навреме извонредно ќе го кажеше - му одредуваше општа оценка: многу добра.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега имаш доволно докази за живот - спомени кои ја потхрануваат имагинацијата небаре е суета - долго ликување на заборавот, невидима јама. И, се разбира, парадокс: ќе биде она што најмалку си го посакувала во склад со законот на убедлива веројатност.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Она што го знам е дека не ни се потребни херои, ниту изолирани ентузијасти, ниту пак лидери.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По некое време мрдна со усните: „Што има вистина во она што го рече Царјанка?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чосер, Шекспир, Милтон, Бајрон - сите тие ќе постојат само во новоговорната верзија, не само изменети во нешто поинаку, туку изменети, всушност, во нешто спротивно од она што биле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му одговорија градските жители: Тоа е гробот на божјиот човек, кој дојде од Јудеја, и го навести она што ти го правиш сега...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А сепак, она најсилното, она највпечатливото, она што докрај го растрепери детското срце, остана да трае, да ги премостува сите порои на времето што нанесуваат заборав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Фурнаџијата Парнаџиев, кога ќе загуби трага на некоја тава од фурната секогаш пронаоѓа прифатливо решение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сигурен сум дека во ранецот го има насобрано сѐ она што е потребно за да може еден погреб да се изведе според воспоставениот ред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Човекот со голо теме седеше на ниско столче. Личеше на кип.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Она што му паѓаше најтешко во тој момент беше свеста за сопствената интелектуална инфериорност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можам да се обидам по сто пати, но не ми успева, можам и да играм некоја друга улога, во некој друг театар, да бидам некоја друга јас... но пак ќе го барам сето она што е твое... ќе ја посакувам твојата сцена...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
4. И, ете, наследија коњ. Немаше архангелски крилца ни мек круг светло околу ушите за да биде повеќе од она што е.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бидејќи не можеше да биде ништо друго освен она што нејзините родители сакаа да биде, а нивната желба беше таа да биде момче, Џоан можеше единствено да биде - ништо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пребирам по нив по ред, бележејќи го она што повторно можам да го доживеам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во таква ситуација, Рузвелт ја поддржал идејата СОИ да се приклучи кон Заедничкиот генералштаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А сепак девојчето го сожалувам иако со забите одвај ја додржувам сеуште неизречената помисла: „Другар Канчевски, верувај, тоа беше најмалку од она што требаше да ти се случи!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако сѐ она што ќе го направи човекот е природно, тогаш и пишувањето книги, како и нивното читање е природно,а со самото тоа и совршено.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па дури и да немаше ништо повеќе од она што го виде тој - и сѐ додека е жива тој нема да може да се сеќава на тој момент без болка; болка која ќе му го кине срцето - сепак она што го виде беше многу повеќе од она што воопшто можеше да прифати, да опрости или да заборави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Она што го виде ја натера да стане како попарена.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По таванските скали се искачи прво на терасата што служеше за сушење на алишта, а потоа на покривот од куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тетеравејќи се под тежина на она што го кажаа таванот и подот, излегов од куќата што воздивнува.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но, како по обичај, по којзнае кој пат, нивниот збор нема никаква тежина и таа пак не го добива она што законски ѝ следува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штета што се случи она што не требаше да се случи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Бегај, малечок предавнику, не бутај ме во грев.“ Се свртев и појдов со морници под тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Профим ја спушти пушката, се воодушеви од она што го чу од Полин, го зеде под рака и го доведе дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со Хегел навистина заврши блескавата епоха на филозофскиот идеализам и сите филозофски идеалисти по него само се голи интерпретатори на она што е дадено од Кант до Хегел; филозофскиот идеализам по Хегел стана излишен и своето огромно филозофско наследство му го завешта на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Мита наведна глава и молчешкум, со поглед на осамена срна, се загледа зад себе, во изодениот пат, во она што е нејзино вчера и вели - повторува: - Нѐ подбра тркалото, нѐ вкова во себе и со секое вртење ни го мери - измерува животецот, поначесто земајќи делче од нас, капка или цела локва крв изсцедува од нашите жили...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Она што излегуваше од него се состоеше од зборови, но тоа не беше говор во вистинската смисла на зборот, тоа беше несвесна врева изговорена, како квакањето на пајките.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веќе не се будите во иста соба. И она што е невидливо не е исто.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Она што е актуелно во последно време на меѓународните дискусии за театарот, е полемиката која се води околу тоа каков е денешниот театар и како треба да изгледа во иднина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Она што го чув од читателите беше охрабрувачко, иако најчестиот коментар беше: „Се гледа дека го пишувал поет“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа што мислиш дека го сакаш, не е вистинското, тоа е она што мислиш дека треба да го сакаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Менталното доаѓа во многу нешта подоцна (ако воопшто доаѓа), не како негативен критериум за она што се смета за имплементирање, туку како позитивен критериум за она што би можело да се смета за ум. (...)
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мавале доаѓајќи и се распаѓале во прав и пепел за иднината, могила или тулбе на она што било и што ќе е трева или куп непознати цвеќиња со горчлив мирис на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така и сториле. Она што се спротивставувало исекле и изгазиле со бесни коњи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш порано дедо Бошко и внучето Мартин сѐ заедно беа, си го кажуваа она што на никој друг не се кажува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ тече - сѐ се менува... она што е сегашност за миг станува минато...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во животот има две алтернации Она што го одбираш и она што го одбиваш Сакаш чини метонимии или алитерации Двојно губиш одошто добиваш И да се во право твоите аргументации
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но, она што не влегло во неа, може да излезе неизмерно поупатно за вистинската состојба на апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се доби ваков текст: ЈАС, потресен и огорчен од она што се случува денес со ЛУЦИЈА, која е обесчестена, пристапувам кон партијата на ЛУЦИЈА и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на ЛУЦИЈА до степен на усвитеност, дека ќе ѝ ги вратам честа и достоинството и дека...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но многу брзо сфатив дека и мислата напати е спремна да го поддржи она што ќе се искаже повеќе интуитивно одошто со активна размисла.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Мирисот на она што го испушта готвењето втасува насекаде, па и до дед Павел ќе втаса“, ми рече тој додека чекавме да ни ја отвори портата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Правото на сопственост ќе премине во творечка борба за време“, ќе рече Хлебников, укажувајќи ни дека никогаш немало и ќе нема доволно време, и настојувајќи да се открие општ поредок на времето и да се осознае она што беше кон она што ќе биде.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тие можеа да бидат наведени да го прифатат и најочигледното извртување на стварноста затоа што никогаш не ја сфатиле огромноста на она што се бараше од нив и не беа доволно заинтересирани за јавните настани за да разберат што се случува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, јас сум и во ситуација во која односот помеѓу дисциплината и она што треба да се дисциплинира секогаш е отворен.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
142 Ако случајноста е она што ја прави историјата, тоа ја нагласува нужноста и можноста за создавање нови односи со сите наследени општествени норми, надвор од сообразноста и подрачјето на прифатени вредности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
У тој момент е опседнат со дилемата дали да ги разбуди пријателите од соседните викендички и со нив да ужива во животот и во сѐ она што создал... или... да седне во белата кожна фотеља од својот монструозен глисер, да го разбранува мирното езеро и силно да го почувствува душевниот мир што му го овозможува државата у која живее.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Она што ти е судено, што се вели, морало да го врвиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она што беше испловило отаде го натера наглас да си шепне: - Навистина , кога не би бил вака сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но она што навистина го исплаши беше ослабнатоста на неговото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Грците со црквата нѐ експлоатираа нас и сакаа под турското владеење да го направат она што не можеа до него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмалку што сакав е да го работам она што ретко кој го признава за вредно во овој стереотипен свет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Не се работи за навика, нането чисти, таа мерудија каде што ќе помине, низ устата, стомакот, цревата, сето она што во текот на ноќта не работело, нането и солта го активираат, чистејки ги органите за варење, а пак лебот ги впива сите наталожени отрови. – веднаш имаше одговор баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Солзи му навреа во очите и почна да го бакнува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ она што го прави Бојка се чини сосема природно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби и му се умилкувал, дека тој лично, Иван Степанович, се потрудил нему, на својот верен пријател да му ја приреди таа чест, тој да ја воведе девојката во нејзината нова професија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Малкумина успеале да дојдат до брегот на морето и со чамци да избегаат и тие биле сведоци на она што станало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Можам да си ги доловам фустаните што жените ги носеа на моите забави и звуците што мажите ги испуштаа додека водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, тоа би било доволно да можат да го кажат она што Ацо Шопов го испеал во песната „ЈУ-Миткање“: „Пред тебе клечам како голтар/ што ти се заканува со ковчести прсти: престани да бидеш црква без олтар/ во која секој ќе се крсти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Почетокот е илуминација на свет- текст принесување животни и растенија пред идејата и чинот почетокот е прекршување на небото во алхемиското огледало на писмото во црвените и црни курзиви во она што нѐ одликува од другите она по што го паметиме сижето - животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На слободна продажба се ставени градите (или она што од нив останало).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секој дошол во животот со некое свое барање и тој треба да го најде и да го задоволи она што е потребно или да не се согласува со она што постои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вредностите што имаат поддршка од мнозинството, можат да добијат моќ на закон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Начинот за побивање на обвинувањето дека литературната теорија, или деконструкцијата, е „несвесна за општествената и историската реалност“ е инсистирањето дека „востановувањето на објектите од страна на дискурсот“ постојано спласнува, и дека „почитта кон реалноста“ (општествената и историската, астрофизичката, или кој и да е друг вид на реалност) е само почит кон минатиот јазик, минатите начини на опишување на она што „навистина“ се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мислата бавно му се отпредува, тешко се претвора во зборови, не е она што се очекува, ама дејствието замислено со неа се претвора во очигледност пред и да биде изговорена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нема потреба никој да не потсетува кога е утро, или дека дошло време за ручек.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков дека не потпишувам. Но долги години потем јас размислував за она што ми го кажа Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи сум сонувал дека не гледам, вели, и излегува дека она што го сонувам е јаве, вели, а ова што е вистина е сон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Натпреварувачката страна нема значај, но целата работа е мошне, мошне пластичка, а тоа веројатно е она што ме привлече кон таа игра.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мене ме збунува нешто друго. Ме збунува некоја несинхронизираност, нарушена врска помеѓу емооционалната реакција и она што ја предизвикало реакцијата, некој ефект на шинати емоции, inappropriate emotions, којзнае што...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓу сите вреди да се истакне она што е можеби најдалеку од позитивните конотации на стрпливост, имено „допушта“, што субјектот на толеранција веќе не го означува како релативно немоќен, туку ја истакнува неговата премоќ и презривата или рамнодушна возвишеност на господарот. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 82
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас заборавив дека тоа воопшто се случило. Тој не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работејќи со секретарот на Заедничкиот генералштаб, бригадниот генерал Валтер Б. Смит, Донован разработил план да го стави СОИ под Генералаштабот, но да ја задржи својата автономија, а за возврат добил воена помош и пристап до сѐ она што му било потребно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Истите проблеми ги има и во Европа и во „третиот свет“. Вие верувате дека мотивот за промена е од економска природа? Margina #21 [1995] | okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што луѓето уште од раѓање ги угнетува е јазикот, наметнатите вредносни категории, наметнатите конвенции за идентитет и перцепции што се развиле и коишто, во голема мера, атрофирале во развојот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А Гоцета Делчев го видел само еднаш и малку знаеше за него освен она што го имаше чуено.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се разбира оти се зачува само она што можеше да се зачува и што не сакаа да ни го земат, зашто не им беше нужно и не беше опасно за нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ништо од она што тој го прави не е неважно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој случај, ако Бојс бил, како што вели печатот, „контроверзен уметник“, тешко е да се замисли дека тој сѐ уште може да биде контроверзен со една изложба која вешто го стопува она што е различно, а суптилно го брише она што дава место за дискусија. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ТЛ: Бароуз и јас сме блиски пријатели. Сме поминале многу нешта заедно. Бев во Тангер 1961.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Последица од овие празнини, недоследности и контрадикторности е одредена недетерминираност во животот; токму тие празнини, недоследности и контрадикторности се она што ја поттикнува индивидуата активно да се ангажира во изведувањето на единствено значење или, како што вели Брунер (1990) во „создавањето-значење“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Па што, си вели тој, тие имаат она што немаме ние, а ние пак она што немаат тие. Па, тоа е прекрасно!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не ги коментирав овие нејзини размисли Каде те судеа, во Штип, прашав?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа, ако сакате да го запознаете Зоки Поки, првин ќе ви препорачаме да ги прочитате приказниве за него, а ако и покрај тоа сакате да го сретнете, ќе мора да појдете од она што сте го дознале за него, и да го барате. Каде ќе го најдете?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се разбира, недостасува само уште сандакот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само еден екстремен скептицизам во однос на науката - и отвореност кон другите модуси на знаење и начини на живот, колку и да ни се туѓи - можат да 96 Margina #4-5 [1994] | okno.mk ни помогнат да ја избегнеме оваа опасност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Рака на срце, јас сум тука одвај неколку часа и немам право да зборувам, ги немам објективните аргументи, но од она што набрзина го видов, не сум импресиониран.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Партијата во секое време ја поседува апсолутната вистина и јасно е дека апсолутното никогаш не можело да биде поинакво од она што е сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подр­жу­ваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена умет­ност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Биди маж! Ако имаш три чисти запали пред тато и мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа беше она што го плашеше. Љубопитноста, проклетата човечка љубопитност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Национализмот му дава на прашањето на идентитетот поголемо значење од она што јас сметам дека е потребно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Идниот ден, утрото, во мојот кабинет долго седев во фотелјата со испружени нозе на табуретката и се обидував барем една трошка да сведам на конкретно значење од сето она што во ресторанот „Зона” си го кажавме со мојот началник. Попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го жалеше Ивана и се чувствуваше како виновник за она што можеше да му биде заседа од тој поп-непоп со јоргованести лузни на голата јака черупка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Она што претставувало изненадување за експертите на Форин офис биле многу јасно потцртаните становишта на Еванс за националната свест и патриотизмот на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По неговата површина се нишкаа дрвените предмети од куќата, садови, делови од постелите и сето она што водата истргала од куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Тогаш и жртвата што ја прават некои мајки за своите деца не е жртва, затоа што она што го прават, го прават за себе, за нешто што го доживуваат како дел од себе?,“ се вмешав во разговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си ја држи главата и си шепоти: - Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. 231
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто да не се здобие и таа со она што јас веќе го имав?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во Бојсовата еколошка скулптура направена 1982 г. за Касел, тврди, неподвижни, мртви камења лежат стркалани на земјата, а живи дрва се посадени во земјата за да ги надоместат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку и да е интересно разгледувањето на овој музеј, полн со разни гробови на француски великани, потоа со сето она што останало од историјата, неусетно ве зафаќа замор кој затапува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој ја дигна, чашата и го испи оловото и со него сето она што беше шарено и нејасно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога имаат молив немаат тефтерче и така уште ненапишано го забораваат токму она што не е за заборавање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во една голема книга, што сега стои на масата заедно со куп други, и кои ја имаат заградено мојата машина за пишување, а со неа и мене, прочитав: „Зар мислите дека човек ќе го постигне она што го сака?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Она што целосно ќе ни стане јасно со оваа нејзина нова збирка е напорот на Вероника на поезијата да ѝ го прокрчи патот до сите пори од животот, до сите сегменти, до секое катче давајќи ѝ ја секогаш нотата на современост и актуелност.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Она што јас би го предложил е да постапиме како извесната Окереке Онике, претседателка на организацијата „Африканците за Обама“, па да собереме, иако населението кај нас не живее којзнае колку подобро од она во Нигерија, пари и да ги донираме во проектот на американските и англиските научници - произведување на невидлив плашт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не дозволувајте да ве поколебаат, издржете во вербата своја и во страдањата, па и тогаш кога ве навредуваат, кога ве прогонуваат, кога ви го одрекуваат она што е ваше!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И на годините со децата, се сеќавам како нивните гласови звучеа во ноќта, се сеќавам на мирисот на нивната кожа лете, на многуте игри што маж ми ги смислуваше за нив, на распоредот на влакна на неговите гради, на неговиот стомак и нозе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На многумина уште не им е јасно што фактички значи федерацијата во целина за нашата земја и за различните народи посебно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Буенос Аирес е друга улица, онаа низ која не сум поминал, тоа е тајно средиште на блокот и крајните дворови, тоа е она што го кријат лицата на куќите, тоа е мојот непријател, ако воопшто го имам, тоа е личност на која не ѝ се допаѓаат моите стихови (ни мене не ми се допаѓаат), тоа е скромна книжарница во која, можеби, сме влегле па сме ја заборавиле, тоа е отсвиркано делче од милонга*, што не го препознаваме а нѐ допира, тоа е она загубеното и она што ќе настане, тоа е она следното, друго, туѓо, странично, кварт кој не е ни твој ни мој, она што го знаеме и сакаме. * Милонга - аргентинска пучка мелодија. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 117
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Меѓу другото и затоа што цивилизациски и културно (и психолошки!) демократски ориентирани кадри ние речиси и немаме; идеолошки неконтаминираните стручњаци што можеа да станат потпорни столбови на еден нов демократски (децентралистички!) државен концепт во голема мера избегаа (и сѐ уште бегаат!) вон земјава, оставајќи им на старите моќни патријархалци да го поделат тој беден колач (и онака речиси изгрицкан, она што фактички имаме се долгови!) главно меѓу оние што тие ги избрале за наследници, и тоа според добро познатите критериуми на тн. негативна селекција што подразбира послушност, пред сѐ, а потоа и непотизам, корупција итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Тој што не умее да чува пушка, не заслужува ни да ја има“, рече Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оваа анализа на моќта на многумина ќе им биде тешка за прифаќање, поради сугестијата дека многу од аспектите на нашите индивидуални начини на однесување за кои тврдиме дека се израз на нашата слободна волја, или за кои тврдиме дека се против наметнатите начини на однесување, не се она што на прв поглед се чини.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зборуваме за војната, а она што нѐ тера да се бараме, го оставаме понастрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)