оние (зам.) - збор (имн.)

Едното значење беше дека не се верни оние зборови што ги изговори тој во стравот, а дека е верно оти нив ги сврзува најчиста љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Џулија, меѓутоа, како да не беше во состојба да ја спомене Партијата, и особено Внатрешната партија, без да употреби некој од оние зборови што се среќаваат испишани со креда по клозетите. Не му пречеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така францускиот филозоф Alan Finkeilkraut својот “фикционер”, Petit fictionnaire illustre, го означува како остава за оние зборови кои се само поттик, “предтекст за раскажување”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Божем самиот ги беше кажал оние зборови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Петра знае дека во очите секогаш седат оние зборови што не се изговараат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оние зборови на тој таму од темницата во кој имаше болка од средбата со Македонијата и жал за оставената плодна земја, за швапските куќи, за дебелите свињи кои во ова време се претвораат во леано месо и колбаси што потоа се залеваат, се сврнгисуваат со топена сланина, буричкаат во сите незаспани и го падат сонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа промена на нејзиниот поглед и изговорувањето на оние зборови траеја кратко, сосема кратко, но остануваа со мене и кога во нејзиниот поглед и глас се враќаше љубовта; ми се вовираа таа омраза и тие зборови дури и во соништата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Всушност, ја слушам, ама нејзините зборови не ме болат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така и се случи кога се појави брат ѝ .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од мојот живот беше болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А кога ми ги кажува оние зборови, јас повеќе и не ја слушам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ги повторуваше оние зборови за заминувањето, ама по тоа како ги премолчуваше, знаев дека чека да се остварат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш мајка ги кажа оние зборови кои со години ги беше заборавила, а ми ги кажуваше на почетокот од мојот живот: “Ќе беше подобро никогаш да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кажани ли беа оние зборови или не? Да или не?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас ја испраќам накај дома, таа се труди да оди пополека, ги смалува чекорите и сè очекува дали ќе ѝ ги кажам оние зборови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наеднаш значајното лице почувствувало дека некој го зграпчил мошне силно за јаката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И по нејзиното лице се гледа дека и самата не знае дали слушнала нешто или не.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кутрата Надењка нема веќе каде да ги слуша оние зборови, а нема ни кој да ѝ ги кажува, зашто ветрот не се слуша веќе, а јас се подготвувам да заминам за Петербург – на подолго време, можеби и засекогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исполнет со задоволство, тој згора- згора се потсетувал на сите оние весели моменти од поминатата вечер, сите оние зборови што предизвикале кикот кај неголемиот круг; голем број од нив тој дури и ги повторувал полугласно и заклучил дека тие се исто толку смешни, како и претходно, и поради тоа не е чудно што и самиот си се насмевнувал од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Надењка нестрпливо, тажно, со прониклив поглед ми се загледува во лицето, одговара без врска, очекува јас да почнам прв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И јас не сакам ветерот да ги кажал!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам дали Надењка ги слуша оние зборови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сè уште е прилично студено, на ѓубриштето уште има снег, дрвјата се мртви, но веќе се чувствува здивот на пролетта и, подготвувајќи се за починок, гавраните шумно гракаат: Јас се доближувам до оградата и долго гледам низ една пукнатина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)