оние (зам.) - нешто (имн.)

Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Надворешната рамка може да функционира како највнатрешен елемент на делото, виткајќи се навнатре; и обратно, она што делува како највнатрешен или средишен аспект на делото, таа улога ја стекнува со помош на оние нешта што го извиткуваат вон делото и крај него.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Богатата обоеност на гуштерот не беше како ни едно од оние нешта што раснеа на теренот или во бавчите; поразлична од бојата на тиквите, тиквичките или лејките.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)