оние (зам.) - ѕвезда (имн.)

Господе, пак си мислам, чии се оние ѕвезди што паѓаат, што гаснат? Чија душа гасне со нив?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има ли живот на оние ѕвезди, Марија, да прашувам. Нишките на нашата љубов не допираат до тие ѕвезди, да слушам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)