оние (зам.) - таму (прил.)

Може подобро знаеја белите мечки отаде лагуната, кои стопати рекоа: - На оние таму Дедо Мраз им дал се што сакаат, само им го одзел умот во главите!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Затоа кадијата реши само двајца да погуби, башка од оние таму што загинаа во борбата со аскерот и самите што се избесија на брестот во тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ги пуштаа од око заробениците, но кога видоа како оние таму се готват да одат некаде, веројатно во некоја куќа, едниот гласниот рече: - Не, не! - рече и замавта со раката крената.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)