оној (зам.) - начин (имн.)

Низ романот дефилира и галерија препознатливи ликови на интелектуалци од Македонија, од двете парадигми (конфесионални), но и галерија ликови од јужнословенските и балканските интелектуални средини, кои на овој или на оној начин учествувале во балканското вавилонско прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе треба: како при снимање со камера по сто пати да се враќаме да го видиме кадарот, на овој, или пак на оној начин, од агол на ова, или низ призма на она...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нивните имиња, од разбирливи причини (некои од нив се и живи) се модифицирани (но сепак препознатливи).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)