оној (зам.) - свет (имн.)

И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек? Сѐ уште силен е Харон...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но имав уште многу живот пред целосно да се предадам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, суровата машинерија на реалноста постојано ни докажува дека таа состојба може да се достигне во целосна потполност само на оној свет, ако постои свет после смрта...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Ова белово плико ќе го отвориш кога ќе разбереш дека сум заминала на оној свет, кај ангелите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но имаат значење за оној свет, невидлив за нас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа ука за значењата на гласовите се однесува само за сподобија кои не постојат на овој, туку на оној свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И на овој, и на оној свет, и во борбата да му е противник, наместо помошник. Толку“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За кај се дотеруваш, му вели, за оној свет онаму?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој вели: „Јас бев веќе на оној свет: кога Бандо ми забуца куршум в гради - и видов каков е. Сега ми треба овој живот да го проживеам“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Светот, оној свет чии чела грижата ги изора со плугот на неизвесноста, очекуваше уште многу топлина од сонцето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот вчудоневиден дека баш на врв свет мртвото е живо како животинките во цртаните филмови: знае дека во сите докторски книги пишува дека луѓето во чија крв има помалку од 6 единици концентрација на кислород веќе кинисале на оној свет ама од врв свет се слегува прудолу, спокојно и со уморна насмевка, се слегува директно во светот на чудата само со 2,8 до 3,2 единици кислород во крвта.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)