оној (зам.) - напред (прил.)

И сега тоа беше она старче, што замина пред малку и што пропаѓаше целото во дирата од оној напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа не рекоа ништо и оној напред уште веднаш продолжи да разгазува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И уште, криејќи ја од нив својата освестеност, само заради тоа што немаше сили да им одговори, можеше да го слуша како пробучува под него оној нивен тих, испрекинат од саповите, што ги носеше зачекореноста и умората, говор: - Го оставивме сам, толку време, - рече недовршувајќи од заздишаноста оној напред од неговата десна страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За него, за Змејка, тоа значеше многу, за оној напред тоа не претставувало конзнае што.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)