сам (зам.) - во (предл.)

И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тоа не е сѐ: националниот гениј едновремено ги укинува и поединецот (растворен во групата од која потекнува) и човештвото (изделено на вкочанети есенции, распршени во множества етнички личности затворени самите во себе).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што вели самата во својата песна „Поезија“- „Љубовта е поезија, поезијата е љубов“ (во претходната збирка „Полиглот на тишината“) целосно јасно укажувајќи на својата непресушна потреба секоја своја внатрешна состојба, надворешна иритација, секое најмало шумолење на лисјата или ветрот, да го искаже со стихови.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сам во самица Составен од изохипсите на векот Се молам, Ве молам, ближни мои, Да го заробиме сонот за жешката магма И да сонуваме, да сонуваме Повторно раѓање.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Му ја дувна некаде со парите и нас нѐ остави, ко брбушки на цедилка. Сами во планината. Усвет и Бугарија и бегање!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)