сам (зам.) - од (предл.)

Масите никогаш не се креваат на востание сами од себе и никогаш не се побунуваат само затоа што се угнетувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина сметав: ако ги потврдам како сериозни наодите на Пачев во врска со исчезнувањето на Пеперутката ќе значи дека сум се сложил со неговиот заклучок дека случајот треба да мирува додека самиот од себеси не се разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Самата од бедна фамилија, порастена во мало шумадиско место, знаеше за сите тешкотии и понижувања на женските, деца кои немаа можност да добијат стручно образование: да се оспособат за шивачки, плетачки, везилки...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш клепките на убиениот сами од себе паднаа како театарска завеса поклопувајќи го неговиот зелен лик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)